Ракометарите на Охрид имаа лесна задача во 11-та рунда од Супер пред своите гледачи победувајќи го Металург 2 со убедливи 40-26.
Триумфот над „металурзите“ е седми во серија за охриѓани во Супер лигата, а остварен со рекордни 40 голови сезонава.
Во листата на стрелци се запишаа и младинците Димески и Најдес кои добија шанса од охридскиот стратег Горан Андоновски.
Резултати : Прилеп – Борец 28-24, Охрид – Металург 2 40-26, Вардар Јуниор – Радовип 24-22, Работнички – Металург, Тинекс Пролет – Пелистер.
Табела : Металург 30 бодови, Охрид 27, Прилеп 21, Работнички 21 (-1), Вардар Ј 18, Радовиш 15, Пелистер 9 (-1), Т. Пролет 9 (-1), Борец 7, Металург 2.
Нови три за „гладијаторите“ во Супер лигата
Мх.П.