Вчера напладне во КИЦ „Култура 365“ се оддржа литературна средба на која охриѓани се потсетија на творечкиот лик на нивниот познат сограѓанин, писателот, основоположник на македонската детска литература, Ванчо Николески.

За Николески и неговото присуство во свеста на македонската читателска јавност зборуваа писателот Мишо Јузмески и новинарот Веле Митаноски, додека свој осврт пред присутните даде м-р Лидија Размоска.

„Со своето литературно дело ја втемелил, проширил и со многу вредности што веќе се сметаат за историски, ја збогатил современата македонска литература за деца. Растел со неа, и како што минувале годините, така и тој дарувал нови и се подрагоцени плодови од својот талент, фантазија и голема љубов кон децата чиишто први ѕвончиња ги начнал во оние учителски коселски бели ноќи кога да се пее или да се умира било едно исто, повикувајќи ги на акција вистинските хуманисти, а Ванчо Николески како верен поддржувач на овие принципи се отповикал.“ – истакна Размоска.

На средбата најмасовно беше присуството на учениците од петто одделение во ОУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, предводени од нивната наставничка Славица Николоска.

На крајот од средбата за прв пат јавно беше претставена најновата книга на новинарот Веле Митаноски со наслов „Спомени – рани“. Книгата претставува збир на колумни објавувани во подолг период во македонските јавни гласила.

OhridNews

фото: Мишо Јузмески