Преставници на Холандската амбасада во Македонија им поделија спортска опрема и реквизити на младите охридски хокеари на трева. Холанѓаните истакнаа дека ова е мал дел од она што може да помогнат при развојот на овај спорт во Охрид и Македонија.


Охриѓани се подновија со спортска опрема

Маичкиве се прекрасни, во септември ќе добиеме и уште опрема, хокејот на трева е интересен и сакав да пробам некој поразличен спорт – вели десетгодишниот Дарко Слатинец кој неколку месеци е во школата за хокеј на трева.

М.Постоловски