Крајот на летото, по правило значи старт на подготовките за зимскиот период кој следува. Прво на дневeн ред е огревот па охриѓани деновиве интензивно се подготвуваат. Низ улиците и сокаците се погласни се брмчењата на моторните пили, ударите од секирите и мирисот на чад.

Немаштијата и честите поскапувања на струјата ги тераат луѓето во своите домови да ги вратат старите печки од подрумите или да набават нови. Се почесто и оние кои живеат во станбени згради се одлучуваат за ваков начин на затоплување на своите станови.

М.П.