Екипата на Радовиш пред своите гледачи го совлада охридскиот ракометен состав со 36-31 (19-14) во 13-та рунда од Супер лигата.
Шестиот пораз сезонава ракометарите на Охрид ги однесе уште подалеку од пласман на местата кои водат во плејофот.
Предноста на полувремето (19-14) домаќините успеаја да ја сочуваат до крајот на мечот и да прокнижат нови три бодови на табелата.
Во последниот натпревар за годинава избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски на домашен терен го пречекуваат штипски Текстилец.
Мх.П.