Спортската арена “Билјанини Извори“ денес ќе биде во центарот на вниманието во кошаркарската јавност. Во Охрид гостува бранителот на двојната круна кавадаречкиот Фени Индустри. Според амбициите  охриѓани се тие кои сакаат на крајот од сезоната да се најдат на местото на кавадарчани.



Амак СП во вториот дел ќе биде поконкурентен. Очекувам празник на кошарката во Охрид се надевам на добра игра и на добра атмосфера во салата. Нашата цел многу пати повторив е да освоиме титула, а ако ни се укаже шанса за двете, зошто да не  – вели стратегот на “езерџиите“.

>>Охриѓани од пораз во пораз
Актуелниот шампион и лидерот на табелата во Кавадрци во “Јасмин“ им го нанесе најтешкиот пораз во првенството победувајќи ги “езерџиите“ со 83-65.

Фени не начека уморени по мечот со холандскиот Ајфел Тауерс, но тоа не беше вистинската слика. Оттогаш играме се подбро и подобро, со последните засилувања имаме играчи кои може да ротираат. Имаме повеќе опции во нападот може да комбинираме, а играта ке биде поразноврсна – истакна Лазаовски


Натпреварот Амак СП – Фени се игра со почеток во 18.00, а влезот е бесплатен.

М.П.