Во периодот од 09 – ти до 11 – ти април во организација на Алпинистичката асоцијација на Македонија и алпинистичкиот клуб „Плоча“ од Радовиш се одржа првиот алпинистички собир на сува карпа на алпинистичкиот локалитет „Плоча“.

На собирот зедоа учество четириесетина алпинисти од алпинистичките клубови од: Струмица, Штип – А.К.Астрајон, Скопје – А.К.Матка, Охрид – А.К.Патагонија, А.К.Апекс и С.П.К.Магаро, Тетово – С.П.К.Љуботен и домакините од Радовиш – А.К.Плоча.

Теми за работа на овој собир беа качувањето на насоки по избор за напредните алпинисти како и работа со почетниците на топ – роп насоки и повторување на веќе изучените техники за осигурување на пратнерот, поставување на сидришни точки, ковање на клинови, изработка на систем за извлекување и истите имаа можноста да качат по една до две алпинистичка насока заедно со алпинистички инструктори.


На овој собир беа искачени повеќе од 60 – тина насоки со различни тежини и должини, иако со мали проблеми поради временските услови и краткотрајните врнежи од дожд орагнизаторите успеаја во целост да ги спроведат зацртаните содржини на овој собир.


На собирот беше одржан и состанок со членовите на управниот одбор на МАА на која главна тема беше работата на Асоцијацијата и планови за останатиот период од оваа година.

Ohridnews