Викендов, Охрид ќе биде домаќин на конгресот на Балканската Веслачка Асоцијација во организација на Веслачката Федерација на Македонија. На конгресот во Охрид веслачките федерации ќе го усогласат редоследот на балканските натпреварувања, како и бројните активности кои ги очекуваат во престојната сезона.
– Со организацијата на овај конгрес сакаме на нашите колеги да им ги покажеме убавините со кои располага Охрид. Наша цел, а воедно и желба е добивање на организација на балканскиот шампионат наредната 2011 година – вели Климе Матиловски од Веслачката федерација на Македонија.
Балканскиот шампионат кој традиционално се одржува секоја година во месец септември оваа 2010 година ќе се одржи во Грција.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com