Точниот датум на одржувањето на Охридскиот Пливачки маратон, допрва треба да се одредува. Од клубот “Охридски Бранови“ имаат желба маратонот кој се плива на патеката “Климе Савин“ да се одржува на денот на заштитникот на градот Св Климент Охридски, 9 – август, попознат како летен Св Климент.


Наша желба е маратонот да се плива на 9 август денот на Св Климент. Знаеме дека ние не сме во можност да бираме но кога би не прашале , би го одбрале летен св Климент за датум на кој би се пливал маратонот – истакна Паскали

Од клубот велат дека имаат изготвено програма и план за организирање и одржување на повеќе маратони и на другите езера во Македонија, како и на струшкиот дел од езерото, но финансисите во моментов не го дозволуваат тоа. 

М.П.