Одговорните луѓе за развојот на спортот и спортскиот туризам се заинтересирани за се` освен за развој на спортот, велат од кошаркарските школи од Охрид кои со заеднички сили организира летен кошаркарски камп во Драч, Албанија. Ваквите кампови на кои одат младите и талентиратни кошаркари служат за надоградба на нивниот квалитет. Но и покрај одличните природни услови кои ги поседува Охрид, охриѓани  се одлучија да заминат надвор.


Од ланскиот камп во Копаник

Долго размислувавме да направиме камп во Охрид кој ќе прерасне во традционален , но колку и да се трудиме Охрид да го развиеме кошаркарски и да створиме некоја традиција, луѓето кај нас не се заинтересирани за  развојот на спортот и спортскиот туризам – вели Весна Балазоска од КК Колибри.

Кошаркарската школа “Колибри“ веќе неколку години нанзад летниот период го користи за посетување на кошаркарски кампови во соседните земји, а оваа година како летна кошаркарска дестинација за камп го избра Драч, Албанија. 

–  По остварените контакти со  хотелите и расположливите надворешни терени увидовме дека Охрид неможе да биде домаќин на ваков камп. Од почеток наидовме на низа проблеми кои можат да се решат во краток период, но луѓето кои го водат градот и го развиваат спортот се прекупирани со урабинизацијата на нашиот град, а не со градење на спортски терени каде ќе се развиваат и спортуваат младите охриѓани – вели Балазоска

КК.Колибри-Охрид, КК.Кимико-Струга, КК.Старс-Охрид, КК.Црн Дрим-Струга се дел од кампот кој ке се одржи во Драч, каде како главен тренер и ментор е познатиот и прочуен тренер во млади категории од Приштина, Артан Пиперку.

М.П.