Актуелните политички случувања предизвикани од случајот „Пуч“ и објавувањето на таканаречените „бомби“ од опозцијата, се топ тема во охридската јавност. Ги запрашавме охриѓани што мислат за лидерите на најголемата владејачка партија Никола Груевски и на опозциската СДСМ Зоран Заев, кои се во центарот на вниманието на јавноста по последните случувања во земјата. Охриѓани не го кријат разочарувањето од актуелните политички случувања и потсетуваат на големите проблеми кои го мачат обичниот човек во Охрид.
-Груевски, ама Заев е подобар. Од двајцата ние аир не гледаме, ни од едниот ни од другиот, ние во ЕМО што немаме 50 плати земено, што да очекуваме.
-Овој Заев шо прајт вака не знам, мене дома никој не ми носи, како му носат нему снимени материјали. И да го поздравам Груевски да се заинтересира за ЕМО малку 3 години плата немаме земено, ама да го објавите ова.
-Заев е вистинскиот човек кој нас ни треба, но само доколку продолжи вака, ако не продолжи ќе биде како овие што се денес и подобро нека не излегува тогаш по медиуми и да се седи на страна.
-Бараме правда и работа не да се седиме вака. Каде се парите, каде отидоа? Луѓето седат без работа, ќе дојдат фабрики од странство ги нема. Со мамење нема ништо. Ќе дошол некој од надвор да не снима нас, го интересирале нашите работи? Види колку луѓе се без работа, колку дуќани во охридската чаршија се затворени, од што да живееме?
-А бре луѓе нема во градов. Пазаров се затвора во три сатот, што да кажам за политичарите. Ниту едниот ниту другиот.
OhridNews