Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски и Д-р Горан Балевски се првите македонци кои се здобија со супервизорски сертификати за подводно деминирање и комерцијални нуркања.


Меѓународните сертификати, охридските нуркачи ги добија на курсот за супервизори, што во организација на Регионалниот центар за подводно деминирање на Југоисточна Европа во периодот од 15-ти ноември до 7-ми декември се одржа во Бјела, Црна Гора. Курсот го водеа десет истакнати инструктори, а учествуваа 12 кандидати од 6 земји, меѓу кои и двајцата искусни нуркачи од Охрид.


За време на курсот кандидатите користеле најсофистицирана опрема за заварување, сечење под вода, системи за подводна комуникација, снимање под вода како и користење на кациги за комерцијални нуркања „Кирби Морган 47“.


По завршувањето на курсот кој финансиски го помогна Владата на САД преку ИТФ – Словенија, кандидатите се стекнаа со меѓународни сертификати.

OhridNews