Граѓаните на Охрид и пошироко, се против промена на уставното име на државата. Од 1349 испитаници, високи 97 % се противат на промена на уставното име Република Македонија под услови кои го наметнува јужниот сосед Грција.

На анкетното прашање на Ohridnews „Дали промената на уставното име на Р. Македонија може да биде цената за влез во НАТО?“,  528 испитаници, или 42% од анкетираните одговориле негативно. Вкупно 352 анкетирани или 28% сметаат дека Македонија не треба да прифати таква спогодба, додека за 279 граѓани или 22% прифатливо е да се направат одредени отстапки кои не го загрозуваат идентитетот и интегритетот на нацијата. Промената на името нема врска со НАТО сметаат 5% од анкетираните, додека само 38 од нив или 3% се согласуваат на промена на името на државата како услов за влез во НАТО.

ohridnews