Незадоволни од актуелната грчка политика кон Македонија, неколку граѓански здруженија денеска  организираат протест во Охрид.

Како што не информираа од граѓанското здружение „Христо Узунов“, кое се јавува како организатор,  мирниот протест кој  ќе почне на плоштадот кај Чинарот, ќе се одвива пред продажните места на грчките компании: „Космофон“, „Германос“, „Стопанска банка“ и „Алфа банка“.

Организаторите на протестот исто така упатија апел до граѓаните за бојкот на  грчките производи, во знак на револт за  наметнатиот спор за името од страна на Грција.

ohridnews