Охридските ракометари со 28-25 (13-9) го совладаа составот на Металург Јуниор во последниот натпревар од регуларниот дел од Супер лигата.

Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски им го простија, но не им го заборавија убедливиот триумф на металурзите во првиот дел од сезоната.

Можеби не им возвратија со иста мера, но во мечот пред своите гледачи влегоа со голема желба за победа и ја остварија.

Триумфот над Металург Јуниор треба да биде најава за она што престои пред охриѓани, а тоа е борбата за опстанок во Супер лигата.

РК Охрид : Пецаков, Китевски (1 одбрана), Костески (14 одбрани), Анѓелкоски, Наумоски, Димески, Андоновски 7, Б. Белевски 4, Мирков 1, Николоски, Трифуноски 1, Тасески 3, Поп-Стефанија, Соколов 7, Крстески, В. Белевски 5.

РК Металург Јуниор : Иваноски (3 одбрани), Даниловски ( 7 одбрани), Бошковски, Бешлиески, Костески 3, Крстески, Велкоски 5, Ставридис, Талески 3, Давиткоски 1, Маркудов, Матијашиќ, Маџовски 2, Крстевски 6, Ралевски 5.

Мх.П.