И во највеселата ноќ граѓаните на Охрид не беа преголеми оптимисти во очекувањата од Новата година. Здравјето им е пред се’, а тука се и традиционалните желби за љубов, успех, среќа…


На дочекот на Новата година екипата на Ohridnews разговараше со повеќе славеници на градскиот плоштад. Сите беа едногласни во размислувањата дека 2009-та година нема да донесе поголеми промени во живеењето на обичниот човек. Дел од нив сметаат дека годината која штотуку започна ќе биде потешка од таа што ја испративме. Најголема причина за таквиот песимизам тие ја гледаат во светската економска криза која сметат дека нема да ја одмина земјава.

Ohridnews