Охридските стрелци повторно доминатно триумфираа во Купот во дисциплината гаѓање со воздушно оружје, кој се одржа во Скопје.
Во екипен пласман охридскиот стрелачки клуб победи со резултат од 474 кругови додека втоторо место им припадна на пионерките од Лихнидос со резултат од 435 кругови.
Во поединечна конкуренција Стефани Ефтимовска се пласира на второто место со резултат од 165 кругови (подобрувајќи го за 10 кругови својот резултат од настапот на првиот Куп).
Големо изненадување на овај Куп направи Марија Магдалена Шишкоска постигнувајќи резултат од 163 круга (со скок од 14 круга во однос на првиот Куп) која се пласира на третата позиција.
Како четвртопласирана заврши Мартина Кочоска со резултат од 157 кругови. На седмата позиција заврши Луана Попоски со резултат од 155 круга, додека Симеона Милеска се пласира на деветтата позиција со резултат од 152 круга (пад на резултатот во однос на првиот Куп за 13 кругови).
Кај пионерите повторно пријатно изненадување:
Петрит Аголи со резултат од 155 кругови (за цели 32 кругови подобар од првиот Куп) се пласира на првата позиција оставајќи го зад зебе Никола Петров од Кавадарци (143) со 12 кругови разлика.
И покрај сите напори за формирање на екипи и во пионерска конкуренција, стрелачките клубови од Охрид не успаеаа да ја остварат целта, иако години наназад пионерите на СК „Охрид“ биле надмоќно први.
Се надеваме дека овај недостаток ќе биде поправен, барем за Државното првенство кое треба да се одржи во Скопје на крајот на мај.
Ohridnews