Неколку невладини организиции и граѓански асоцијации во деновите на викендот ќе организираат повеќе протестни манифестации против грчките компании во Македонија.
Незадоволни од актуелната грчка политика кон Македонија, овие здруженија вечерва организираат анти-грчка вечер во дискотеката „Парк“. Во сабота (12 април) тие ќе организираат протест пред грчките компании во Охрид. Како што не информираа од граѓанското здружение „Христо Узунов“, мирниот протест кој ќе почне на плоштадот кај Чинарот, ќе се одвива пред продажните места на „Космофон“, „Германос“, „Стопанска банка“ и „Алфа банка“.
Организаторите на протестот исто така упатија апел до граѓаните за бојкот на грчките производи, во знак на револт за наметнатиот спор за името од страна на Грција.
ohridnews