Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски во претпоследната контрола пред почетокот на пролетната полусезона на домашен терен ја совладаа Струга со 33-18 (14-10).
Разликата во квалитет беше евидетна уште од самиот старт на мечот, а за темпото кое го наметнаа „гладијаторите“ гостите немаа одговор.
Охридскиот тренер шанса му даде на сите ракометари од клупата и речиси сите се запишаа во листата на стрелци.
Последната тест средба охридските ракометари ќе ја имаат в сабота (15:30ч) во Струга против истоимената екипа.
Мх.П.