Охридските ракометари претрпеa пораз 25-22 (10-11) на гостувањето во Скопје кај втората екипа на Металург во осмата рунда од Супер лигата.


Ракометарите на Охрид долго време го контролираа резултатот имаа и четири погодоци разлика, која на крајот домашните ракометари успеаја да ја стопат и да забележат победа.

Во последната четвртина од натпревар судиските одлуки го дестабилизираа охридскиот состав, кој го претрпе вториот пораз на гостински терен трети вкупно сезонава.

Средниот бек Горан Печенковски со седум погодоци го предводеше тимот на Охрид, левиот бек Борче Соколов запиша пет.

Крсте Андоновски и Костантин Вешоски реализираа по три, пивотменот Иван Тасески два, а Бојан Белевски и Петар Николиќ по еднаш се запишаа во листата на стрелци.

Охриѓани првата полусезона ќе ја комплетираат следниот викенд кога на домашен терен ќе го пречекаат составот на Работнички.

 

Ohridnews