Последната рунда од есенскиот дел на шампионатот ја носи охридската градска пресметка меѓу поголемиот и помалиот брат Охрид `04 и Охрид Лоте. Охридските второлигаши кои не ја кријат желбата дека в година сакаат да бидат дел од прволигашката елита, крајот на првата етапа го пречекуваат на втората односно деветтата позиција.


Охрид Лоте кој условно кажано е домаќин на овај натпревар, пет рунди не знае за победа, во четири од нив претпре порази, а еднаш извлече реми. Во последните два меча на “Билјанини Извори“ претпре порази од Тиквеш 4-1, и Дрита 1-0. – По серијата порази, ремито во Новаци го врати расположението во екипата.  Ние сме оптиимсти и како и во сите останати натпревари, така и во овај ќе влеземе да се надигруваме и да ги освоиме трите бода. Чест ние што есенскиот дел ќе заврши со охридската пресметка, нека победи подобриот, нека победи фудбалот – рече Спасе Панџак од Охрид Лоте.


“Гостите“, Охрид `04, немат пораз на “Билјанини“ и во шестте меча забележа исто толку победи, со гол разлика 12-1. Исклучително важен меч за “рибарите“  кои во трката за насловот есенски првак се на минус еден од лидерот Тиквеш. – Квалитетот на екипата на Охрид Лоте, воопшто не коренспондира со нивното место на табелата, тие имаат исклучително искусен состав кој знае да игра фудбал. Ние во мечот влегуваме со серија од три победи и очекувам тој тренд и да го задржиме. Мечот со Охрид Лоте ќе биде празник за фудбалот во Охрид – смета стратегот на “рибарите“ Зоран Ѓорески.


Во составот на “градежниците“ ќе недостатсува подолго време отсутниот Велкоски, додека се очекува Стисниоски да се врати во тимот по повредата, “рибарите“ ќе им се спротистват на соседите без капитенот Митрески кој ќе го пропушти мечот поради суспензија.

Мечот Охрид Лоте – Охрид , не е првата градска пресметка која се одиграла во оваа конкуренција. Во годината кога втората македонска фудбалска лига беше поделена на Исток – Запад, мегданот тогаш го поделија Охрид и Воска.

Во ланското издание на општинскиот фудбалски куп, во финалето Охрид Лоте со 2-0 го победи Охрид`04.

М.П.