Битолските ракометари им го нанесоа првиот пораз на ракометарите на Охрид во плејаут лигата победувајќи со 25-23 (12-12).
Домаќините во одбраната не беа ни малку нежни и не бираа средства како да ја сочуваат сопствената мрежа.
Во корист на „зелено белите“ одеше и тенденциозното судење кое не немаше исти критериум во текот на целиот натпревар.
Охриѓани во 50-та минута останаа без универзалецот Мите Караиванов, кој доби директен црвен картон.
Во третата рунда од плејаут лигата „гладијаторите“ ќе се сретнат со Преспа во „Билјанини Извори“.
Мх.П.