Голем хуманитарен концерт ќе се одржи денеска во 18 ч. во Центарот за култура Григор Прличев, во органзиација на ЛИОНС клубовите Охрид и Десарети.

На концертот ќе настапи Охридскиот хор со специјална новогодишна програма. Сите средства од концертот ќе бидат наменети за Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака“.

Воедно ЛИОНС клубот Охрид во соработка со Центарот За социјални работи – Охрид, започнува акција за донирање облека на социјално загрозени лица и семејства.

Организаторите очекуваат охриѓани со своето бројно присуство уште еднаш да ја покажат својата хуманост.

ohridnews