Охриѓани покажаа голем интерес за настанот „Лајк за Бајк“, кој го организираше Црвен Крст од Охрид во просторот од Горица прва до плажата Парк.

Присутните од сите возрасти уживаа во дружењето, забавата пропратена со низа спортски активнисти како возење точак и ролери.

По напорните тренинзи имаа мала пауза и конзумирање на чај и овошни производи, а потоа се препуштија на финтнес вештините од инструкторите и танц студиото Соната.
Охридскиот Црвен крст и во иднина ќе продолжи со организација на најразлични спортски и култорно-забавни настани за охриѓани, се со цел поттикнување на здрава начин на живот.

Ohridnews