Во следните десет дена охридските ракометари во Супер лигата ги очекува натпреварувачки маратон во кој ќе се сретнат со четири директни ривали за пласман во горниот дел од табелата.


Маратонот, „гладијаторите“ го започнуваат во четврток во Радовиш против истоимената екипа, а го продолжуваат со Пелистер во недела пред своите гледачи.

Исто во „Билјанини Извори“ веќе во среда ќе ги одмерат силите со тимот на Металург, а на крајот од маратонот гостуваат во Велес кај екипата на Борец.

– Предизвиците секогаш се мотив повеќе за мене и екипата. Максимално сме фокусирани на дуелот со Радовиш. Ги гледавме нивните досегашни мечеви во Супер лигата и мислам дека имаме големи шанси за победа. – рече охридскиот стратег Горан Андоновски.

За мечот со Радовиш и останатите натпревари Андоновски целосно ќе може да смета на Јосип Кежиќ кој се опоравуваше од повредата на левото колено.

Мх.П.