Кошаркарите на АВ Охрид максимално се подготвени за трите мечеви кои ќе одиграат во пет дена во Првата и регионалната Втора АБА лига. Натпреварувачката трилогија „галебите“ ќе ја започнат денеска против составот на Карпош Соколи во 11-та рунда од Првата лига. Два дена подоцна во понеделник охриѓани во заостанатиот натпревар од 10-та рунда гостуваат кај МЗТ Скопје. На крај во среда со почеток во 17 часот на домашен терен ќе одиграат последниот меч за оваа година против тимот на Сикст Приморска во Втората АБА лига.
– Целиот наш фокус го ставаме на натпреварот со Карпош Соколи, кој ни е најважен од сите три. Императивот на дуелот со Карпош Соколи ние е победа и по секоја цена мора да стигниме до неа. Нема да не залаже нивната играчка криза ниту последните порази, бидејќи секој меч е друга приказна. – изјави Петар Чочороски.
Охриѓани со триумф ќе го поминат Карпош Соколи на табелата и ќе продолжат да се борат за местата кои водат во плејофот. Мечот се игра во 18 часот, а влезот во СРЦ „Билјанини Извори“ е слободен.
OhridNews