Охриѓани по цена на живот ќе го организираат маратонот
13.08.10 00:14
Во никој случај нема да дозволиме традицијата да се прекине, и маратонот да не` се одржи па макар тоа било на наша штета – вели Кочо Паскали од ПК “Охридски Бранови“ кој е технички организатор на Охридскиот пливачки маратон
Еден куп неодговорени прашања и енигми висат во воздух на само еден ден до одржување на најголемата спортска манифестација во Македонија, Охридскиот Пливачки Маратон. Ниту половина од планираните средства за потребите на одржувањето на маратонот не се пристигнати на сметката на охридскиот клуб кој ќе мора во минута до дванаесет да импровизира со организацијата.
– На ден пред одржување на маратонот, финансиската конструкција не е затворена, залудни беа нашите апели и барања, средствата да легнат на време на нашата сметка за да може непречено да се посветиме на организацијата на маратонот, трката, патеката – вели најбараниот охриѓанец деновиве Кочо Паскали од “Охридски Бранови“.
Кога финансиите го кројат планот, а нив речиси и да ги нема повеќе од сигурно е дека ќе има рестрикриција на сите полиња.
– Поради малиот број на финансии ја редуциравме флотата, која секоја година ги придружува маратонците. Утре во езерото ќе пловат само 40 кајчиња и пет шест глисери во кои ќе бидат сместени судиите и помошниот персонал – вели Никола Маленко .
Тајфата на Паскали е едногласна дека нема шанса да се откажат од маратонот, и по цена тие од свој џеб да треба да го подмират трошокот, ќе ја одржат манифестацијата.
– Најверојатно трошокот ќе падне на наш грб. Сите оние кои ги имаме ангажирано, утре парите ќе ги бараат од нас. Дали ние ќе ги најдеме тие пари, дали ќе останеме должни или ќе јадеме ќотек е знак прашање. Но не можеме да си дозволиме поради ваквиот однос кон спортот да пропадне оваа трка, завршува Паскали.
Охриѓани интензивно регистираат кајчиња
За потребите на трката техничкиот организатор “Охридски Бранови“ ќе ангажира околу педесетина пловни објекти. Според новиот закон сите мора да поседуваат регистрација па така “кајчарите“ деновиве се растрчани на релација општина – капетанија, за да ги соберат потребните документи за регистрацијата. – Брзо завршив работа, процедурата не е сложена. Со себап на мартонот и го регистирав кајчево – вели Петар, кој напомена дека регистрацијата чини 1500 денари и трае пет години.
Петрески незаинтересиран за маратонот
Охридскиот градоначалник Александар Петрески и Општина Охрид не се заинтересирани за случувањата поврзани за Охридскиот Пливачки Мартон. – Трагично е што ваква спортска манифестација поминува без никаква поддршка од локалната самоуправа. Никој не не посетил од локалната ниту да не праша дали сме живи, а камоли за нешто повеќе. Нека се запрашаат и градоначалникот и неговите советници дали градот кој го водат заслужува да има ваква презентација пред светот. Ние и покрај игнорантскиот одност во протоколот предвидовме градоначалникот Петрески да ги прими маратонците и на свеченото прогласување да одржи поздравен говор , велат од “Охридски Бранови“.
Делегатот на трката на Охридскиот Пливачки Маратон , Литванецот Валериус Беловас од организаторите во знак на почит за подарок ќе добие резба со ликот на заштитникот на Охрид “Св. Климент Охридски“.
Двојна победа на охридските ракометни надежи денеска во „Билјанини извори“! Пионерите на ГРК Охрид во претпладневниот термин славеа над СРК Преспа Вардар од Ресен со 21:10 во 17 коло од машката пио...
Не чека еден сериозен натпревар, еден сериозен противник, актуелниот шампион во Македонија Ние сме со два повредени играчи Ќе дадеме се од себе да одиграме најдобро што можеме, да постигнеме што по...
Фудбалерите на Охрид во рамки на 22-то коло од Втората македонска фудбалска лига денес играат со екипата на Каменица Саса Натпреварот се игра на стадионот „Билјанини Извори“ со почеток во 15 часот ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.