По триумфот над Преспа во Ресен охридските ракометари ги оставија во живот амбициите за пласман во плејофот од Супер лигата, но до таму ќе чекорат по далеку потешкиот пат.


Избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски во мечевите со лидерот Зомимак во „Билјанини Извори“ и со Радовиш во гости треба да забележат минимум една победа за комплетно да се вратат во игра за местата кои водат во разигрувањето.

По овие два натпревари охриѓани на домашен терен го пречекуваат Текстилец, со кој ќе се стави точка на натпреварувачката 2014 година.

После зимската пауза преостануваат уште четири натпревари, но ракометарите на Охрид мораат да се фокусираат на овие три предизвици од кои ќе зависи судбината на пролет.

Мх.П.