Охриѓани пијат вода од водоводна мрежа изградена во далечната 1935 година. Од тогаш до денес истата на неколку пати е надоградувана, но сеуште се користат цевки кои во светот речиси се исфрлени од употреба, велат од ЈП „Проаква“
Во водоводната мрежа во Охрид сеуште има цевки од 1934-1935 година кои биле од типот на манус-маневи цевки , кои денес претставуваат вистински раритет. Дел од водоводната мрежа ја сочуинуваат и азбест-цементни цевки , кои исто така се исфрлаат од употреба насекаде во светот. Од „Проаква“ велат дека не постои никаква опасност од употребата на азбест-цементни цевки во водоводната мрежа , бидејќи како што тврдат оттаму, не постои ниту една лабораторија во ЕУ која потврдила дека тие се канцерогени.
Во ниту една анализа и на Републичкиот завод за здраствена заштита не е констатирано дека водата во Охрид е не исправна децидни се од јавното птетпријатие, од каде бараат надлежните државни институции кои се бават со оваа проблематика да излезат и јавно да проговорат дали азбест-цементните цевки се штетни по здравјето на лугето.
„Државните органи, Заводот за здраствена заштита, Министерството за здравство со сите свои служби, гласно да кажат еднаш дали азбест-цементниот материал за цевки е канцероген или не, а јас од ова место категорички тврдам дека не е“, вели Љубомир Чаулев, технички директор во „Проаква“.
Охриѓани и сите кои доаѓаат во Охрид треба да бидат спокојни затоа што пијат чиста и квалитетна вода порачуваат од јавното претпријатие „Проаква“.
Мики Трајковски