Акцијата „Засади ја својата иднина – Ден на дрвото“ второ продолжение ќе има на 19-ти ноември. Во акцијата активно ќе се вклучат и охриѓани. Тие повторно ќе засадат дрвца на Mауцкер каде во пролетната акција беа засадени  50.000 дрвца.

За сите учесници во акцијата ќе биде обезбеден бесплатен превоз до Мауцкер.

Инаку со оваа акција е предвидено да се засадат 6 милиони дрвца на 100 локации низ Македонија. Во Охрид дрвца ќе бидат засадени на површина од 40 хектари.

Ohridnews