Пад од две места на табелата забележаа охридските екипи по деветтата одиграна рунда во првенството. “Градежниците“ го претпреа најтешкиот пораз на домашен терен, додека “рибарите“ го извлекоа второто реми на гостувањата.

Охрид 2004

1 автогол во охридската мрежа, дело на Ѓорески, единствениот играч кој заработи жолт картон на мечот со Дрита.

2 гол за Китрозоски , прв за него на гостувањата, првиот го постигна во второто кол против Ринија за водство од 1-0. Второ реми во шампионатот и тоа двете на гостувањата , петто коло кај Тиквеш 1-1 и деветто кај Дрита 1-1.

4 место на табелата, четврти гол сезонава постигнат на петте гостувања.

5 гол примен на гостувањата, од досегашните пет гостувања успеаа да донесет пет бода.

6 гол примен во првенството, заедно со Миравци ја имаат втора најдобра одбрана во лигата, најмалку примени погодоци има 11 Октомври само два.

7 фудбалери ја погодиле противничката мрежа. Нически три пати, И. Клечкароски и Китрозоски два пати, по еднаш Дејкоски, Карамачоски, Мартиноски, и Д. Клечкароски.

8 на осум од деветте натпревари постигнаа погодок, и на сите дојдоа први во предност. Единствено не постигнаа гол на гостувањето кај 11 Октомври кое заврши со мининамален пораз од 1-0.

9 рунди пет победи, два ремија и два порази.

10 коло противник е екипата на Цементарница.

11 постигнати погодоци , шести напад во лигата, најефикасен е Тиквеш со 17 успешни реализации.

14 место, последна е Цементарница наредниот противник на Охрид.

17 бода од можни 27.

200 гледачи го проследија мечот одигран во Боговиње против Дрита.

Охрид Лоте

1 погодок за Арсовски во неговиот втор настап за Охрид Лоте, прв пораз на домашен терен.

2 пораз во серија, во претходното коло “градежниците“ претрпеа минимален пораз од Еуромилк со 1-0.

3 натпревар сезонава како примаат четири гола. Во второто коло на мечот со Влазрими (4-5) и во шестото коло од Беласица (4-1). Три жолти картони на мечот со Тиквеш (Толески, Стојкоски и Трајкоски),

4 пораз во првенството, два порази по 1-0 од Миравци и Еуромилк, два по 4-1 од Беласица и Тиквеш.  капитенот Толески остана на четири погодоци со кои тој е најдобриот стрелец во составот на “градежниците“.

5 натпревар на домашен терен , три победи , едно реми и еден пораз.

7 место на табелата .

8 фудбалери ја затресле мрежата на противникот, Толески четири пати, Димоски три пати, М. Стојаноски два пати, Арсовски, Трајаноски, Волчески, Стисниоски, А. Стојаноски по еднаш.

9 рунди , четири победи, едно реми, и четири порази.

10 бода освоија на домашен терен, во наредното коло гостуваат кај третопласираниот 11 Октомври.

13 освоени бода од можни 27.

15 постигнати погодоци , заедно со Беласица го имаа четвриот најефикасен напад.

17 примени погодоци најслаба одбрана во лигата.

200 гледачи го проследија мечот кој се одигра на “Билјанини Извори“.

М.П.