Нема стоп за охридските бели кои ја продолжија победничката серија откако на “Билјанини“ со чисти 2-0 го совладаа Вардар (Н). По овој триумф охриѓани остануваат во чекор со водечкото дуо во трката за висок пласман. До петтата победа, втора во серија “белите“ стигнаа во натпревар на кој доминираа на теренот притоа создавајќи шест стонастотни прилики, од кои реализираа две.

Веднаш на почетокот домаќините тргнаа офанзивно кон гостинскиот гол, а првата прилика ја имаше Атај. Теренската надмоќност охриѓани ја крунисаа во дваесеттата минута. Чашитоски нафрли, не сигурно интервенираше Божиноски, а упорниот Атај го искористи подарокот и несебично му асситираше на Клечкароски кој по петти пат сезонава се запиша во листата на стрелци.

Охриѓанни, тука не застанаа, додавање на Волчески за Атај, овој изби сам го мина и голманот, но пред да упати удар се лизна, падна и шансата пропадна. Единствениот обид да го загрозат голот на Капрически гостите го имаа преку капитенот Данаилов но атрактивниот удар со ножички заврши во рацете на охридскиот голман.

По паузата “белите“ продолжија  напаѓачки да го бранат својот гол. Следуваше серија од стонастотни шанси пред гостинскиот гол кои напаѓачкиот тандем не успеваше да ги претвори во погодок. Прво Клечакароски од само пет метри биеше во добро поставениот Божиноски, а неколку минути подоцна Атај го совлада Божиноски но неговиот удар заврши во дирекот.


Охридските “рибари“ во тие моменти помислија на непишаното фудбалско правило, но за спокоен финиш се погрижи најдобриот на теренот, Атај. На десет минути пред крајот, проигран во празно Атај избегна офсајд замка и конечно го матираше Божионовски, постигнувајќи го третиот гол сезонава.

Охрид : Капрически, Чашитоски, Шопоски, Велковски, Христов, Исаку, Бочески, Волчески, Маркоски (79` Затуроски), Атај (85` Оџа) Клечкароски (70` Бакулески)

М.П.