И по седум одиграни рунди, охридските второлигаши го окупираа врвот на табелата. Второто и третото место се резервирани за охриѓани кои подеднакво се надеваат дека наредната година ќе бидат дел од прволигашката елита.


Охрид 2004

1 натпревар сезонава како “рибарите“ не успеваат да постигнат гол.

2 место на табелата, втор пораз сезонава, втор црвен картон во седум рунди

4 плус четири е гол разликата на “белите“

5 по пет кола прекината е серијата без пораз, четири победи и едно реми. Првиот пораз го претпреа во првото коло од Локомотива со 2-1. Голот на Ацески е петти гол кој го примаат “белите“.

6 фудбалери ја затресоа противничката мрежа. Нически три пати, И. Клечкароски два пати, по еднаш Дејкоски, Китрозоски, Мартиноски, и Д. Клечкароски.

7 рунди, четири победи, два порази и едно реми

8 во наредното осмо коло го пречекуваат лидерот Миравци.

9 постигнати погодоци во досега одиграните седум кола, петти напад во лигата по ефикасност.

13 бода од можни 21

3000 гледачи го проследија дерби мечот во Прилеп

Охрид Лоте

2 плус два е гол разликата “градежниците“

3 погодок за Димоски, трет меч во серија како Толески ја тресе противничката мрежа. Трето место на табелата.

4 гол на Толески во досегашниот тек од шампионатот. Толески е најдобриот стрелец во составот на “градежниците“.

7 фудбалери ја затресле мрежата на противникот , Толески четири пати, Димоски три пати, М. Стојаноски два пати, Трајаноски, Волчески, Стисниоски, А. Стојаноски по еднаш.

8 во наредното осмо коло гостуваат кај Еуромилк

12 примени погодоци заедно со Еуромилк и Цементарница ја имаат најслабата одбрана.

13 освоени бода од можни 21

14 постигнати погодоци, заедно со Еуромилк најефикасен напад во лигата.

2-0 втор меч сезонава како завршува со идентичен резултат, Во првото коло на домашен терен совладна Ринија со истиот овај резултат.

100 гледачи го проследија мечот кој се одигра во Велмеј.

М.П.