Поради реновирањето на стадион во Битола „Тумбе Кафе“, Пелистер како домаќин мечевите од Првата лига ќе ги игра во Прилеп на стадионот „Гоце Делчев“.
Охридскиот стадион „Атина Бојаџи“ беше една од опциите за одигрување на натпреварите, но „зелено белите“ се одлучија за „поблиското“ решение. По ваквата одлука на клубот охриѓани останаа без можност да гледаат мечеви од најквалитетната фудбалска лига во Македонија.
Стадионот „Атина Бојаџи“ не така одамна беше омилена дестинација на реномираните македонски прволигаши (Вардар, Ренова, Работнички) кои своите мечеви како домаќини ги играа во градот под Самоиловата тврдина.
Охриѓани ќе можат да следат мечеви од втората по квалитет македонска фудбалска лига откако по реновирањето на битолскиот стадион домашните натпревари во Охрид ги игра амбициозниот второлигаш Младост од Царев Двор.
Ohridnews