Охридските ракометари вечерва со почеток во 18:30 часот во спортската арена „Билјанини Извори“ силите ќе ги одмерат со лидерот во Супер лигата, Зомимак.


До сега составот на Зомимак нема ниту реми ниту пораз во Супер лигата, а охриѓани нескромно се подготвени да го расипат неприкосновениот скор на „рисовите“.

Квалитетот е на страната од гостите, но на теренот не победува оној, кој е поквалитетен туку оној кој ја посакува повеќе победата и се бори за неа.

„Гладијаторите“ знаат како.

Мх.П.