Дерби натпреварот од шестото коло во првата кошаркарска лига му припадна на бранителот на двојната круна Фени Индустри.

Во натпревар во кој комплетно доминираше Фени Инд со 83-65 го совлада неконкурентниот Амак Сп нанесувајќи им го првиот пораз сезонава, прекинувајќи ја успешната низа од пет победи.

Агоч со 17 п го предводеше охридскиот тим,  додека Ѓуров со 16 п. беше најпрецизен во победничката екипа.

На останатите натпревари :
МЗТ Фон-Поп спорт  90-70
Вардар-Овче Поле 68-73
Торус-Карпош Соколи 75-87

Денес играат
Работнички – Пелистер

М.П.