Од 16 Јули до 30 Август во Италија ќе се одржи 18тиот светски шампионат во слободно летање со змаеви. За прв пат во историјата на овој спорт во Македонија, стекнати се услови и нашата земја да учествува со своја екипа.
Со помош на Агенцијата за Спорт и Млади, а преку Воздухопловната Федерација на Македонија се покриваат котизациите на екипата составена од еден пилот и еден капетан во вредност од околу 950 евра.
– Tрошокот за котизацијата е само мал дел од вкупниот трошок потребен за учество на нашата екипа на овој натпревар – велат пилотот и капетанот, охриѓани кои ќе ја претставуваат Македонија.
Тие очекуваат институциите и компаниите да им излезат во пресрет и да се соберат потребните средства за учество на шампионатот.
Oфицијалната страна на организаторот е: http://www.cucco2011.org/
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com