Само еден охриѓанец, Наум Џалески ќе игра оваа сезона во Првата Македонска лига. Џалески од редовите на скопска Локомотива се пресели во кратовски Силекс. Подолго време на една рака се бројат охриѓани кои играат во прволигашките екипи, а уште подалеку е моментот од кога охриѓанец го облекол дресот со националниот грб.


Не е никаква тајна дека вложувањето во младинските категории е далеку исплатлива варијанта но од враќањето на ФК Охрид на спортската карта во 2004 година , многу малку е сработено на тој план, по што се случи овај вакум. Во меѓу време никнаа еден куп младински школи но освен собирањато не членарината досега невидовме народски кажано “да излезе некое дете“ кое ќе направи квалитативен исчекор.


Последен фудбалер, охриѓанец кој играл во националниот состав е Гоце Толески, кој минатата сезона играше во чешката Сигма. Покрај Толески (17 настапи еден гол) , Охрид дал уште тројца репрезентативци и тоа Јурица Силјаноски 6 настапи еден гол, Џевдет Шаиноски 22 настапи 2 гола , како и голманот Данчо Целески (22 настапи) кој беше и во стручниот штаб на минатиот селектор Среќко Катанец.

М.П.