Вистински празник за ракометот беше во деновите кога Македонската ракометна репрезентација ги играше натпреварите од Ц групата во салата Билјанини Извори во Охрид.

Но, избраничките на Новко Георгиевски не успеаја да изборат пласман во “главната “ рунда по што ги спакуваа куферите и заминаа за Гевгелија.

Салата за време на одигрувањете на мечевите од М2 групата е речиси празна.

Во Охрид остана да игра светскиот ракометен крем, но сепак тоа не е доволна покана за охриѓани да дојдат и да гледаат ракомет во што поголем број.

Домаќинот со непласирањето на Македонија во главната фаза ќе претпри голема финансиска загуба.

фото Петр Стојановски
М.П.