Ракометарите на Охрид немаа среќа во ждрепката во Купот на Македонија и се најдоа во иста група со Прилеп, Вардар и Борец.
Прва пречка на „гладијаторите“ во Купот на Македонија ќе биде екипата на Прилеп. Ако охриѓани го минат Прилеп ќе се сретнат со победникот од дуелот меѓу Вардар – Борец.
Мечевите од првата група ќе се одиграат на теренот од Вардар, кој е и најголем фаворит во Куп завршницата.
Двојки :
Група 1: Борец – Вардар, Прилеп – Охрид (домаќин Вардар)
Група 2: Лозари – Металург 2, Пролет – Работнички (домаќин Пролет)
Група 3: Вардар јуниор – Зомимак, Преспа – Пелистер (домаќин Вардар јуниор)
Група 4: Металург – Феникс, Текстилец – Радовиш (Металург).
Мх.П.