Петок 13- ти според многумина се смета за малерозен ден. Сепак на охриѓани не им посмета овој датум да го искористат и овој петок и да го пополнат својот “добитен“ тикет во една од спортските обложувалници.


На прашањето дали денешниот ден го сметат за малерозен, охриѓани ни одговорија.

Не обрнав внимание на датумот,но мислам дека ги одбрав вистинските двојки – ни рече Влатко кого го затекнавме на едно уплатно место.

Не сум суеверен – кратко ни рече Дејан.

Да ми кажевте порано , ќе го пресконев денешниот сега е касно – рече Горан кој ги проверуваше уплатените талони.  

Од спортските обложувалници велат дека денешниот ден не донесол некоја драстична промена во уплатата на викенд паровите.

М.Постоловски