Охриѓани многу многу не се потресоа од посетата на генералниот секретар на ФИБА Европа, Нар Занолин и Олаф Рафнсон, член на бордот на ФИБА Европа и менаџер на работната група за развој на ФЕ.

Охридскиот градоначалник кој пред само неколку дена го награди кошаркаскиот клуб Амак СП за освоениот куп, не се појави во спортската сала да им посака добредојде на  вискоките гости од европската кошаркарска куќа.


Првиот човек на градот домаќин,  Александар Петрески не се појави во спортската сала Билјанини Извори каде Занолин единствено во придружба на в.д. директорот на ЈП за спортски објекти Иван Цветкоски ги разгледуваше капацитетите на овој спортски објект.

Никој ниту од  управата на актулениот куп освојувач Амак СП , не најде за згодно да се види како со Занолин , така и со челните луѓе на федерацијата, а тука беа преседателот Димевски и првиот оперативец Лекиќ,  кои го организираат натпреварувањето во кои “езерџиите“ победија.

М.П.