Со цел превентивно да се делува во стариот дел на Охрид  се спроведе акција за чистење на теренот од отпадоци кои можат да предизвикаат пожар, но и покрај апелите на организаторите во акцијата не се приклучи ниту еден граѓанин на Охрид.

Во акцијата учествуваат екипи на јавните престпријатија од Охрид, Црвениот крст и други организации но морам да признам дека е разочарувачки што ни еден од граѓаните не се одзва на апелот кој течеше со денови, ни изјави Аница Палацо од охридскиот Ротари клуб, кој беше организатор на акцијата.

 „Ги следиме состојбите во Македонија и гледаме случаи кога огнот гори на само десетина метри од куќите, а луѓето само чекаат. Загрижува фактот дека ние тешко се мобилизираме, еднаш треба да разбереме дека проблемот не е само на некој друг и дека тој лесно може да стане и наш проблем и затоа секој треба да се ангажира и превентивно да се делува за сите“, вели Палацо. „Замислете што би значел Охрид без шумите околу културно историските споменици или кога би бил зафатен од пожар“, додава Палацо.


Аница Палцо во разговор со нашиот новинар

Таа соопшти дека во акцијата за превентивно чистење на стариот дел на градот  се собрани над триесетина вреќи отпад од пластика и стакло и дека е искосена сувата висока  трева која подоцна комуналните служби ќе ја полеат со вода за да се спречи евентуалната појава на пожари.

Г. Момироски
фото: С. Костоски