Охриѓани не сакаат урбана опрема  и времени обекти покрај рекреативната патека која води до плажата Горица 1. На анкетното прашање на Ohridnews: „Дали покрај рекреативната патека од Каналот до Горица 1, треба да се поставуваат времени објекти “, 75% од граѓаните одговориле дека се Против таа идеја. Во анкетата беа опфатени вкупно 1693 читатели на Ohridnews

Охридската локална самоуправа неодамна најави дека покрај рекреативната патека од Студенчишта до Горица ќе се поставуваат времени објекти и друга урбана опрема. За таа цел беа исечени голем број тополи кои што долги години егзистираа на ова место. Градоначалникот на Охрид Александар Петрески, тогаш изјави:

– Сечењето на големите дрвја нема врска со проширувањето на рекреативната патека кое се врши согласно ГУП. Во перспектива тука има доволно простор оној панаѓур од тезги што ни се случува во чаршијата и на плоштадот да ги изнесеме надвор од градот, изјави градоначалникот Александар Петрески, посочувајќи дека на тој простор не е предвидена изградба на хотели или други објекти.

Поставувањето на урбана опрема покрај рекреативната патека е неприфатливо и за концесионерите на плажите, кои со протестно писмо реагираа до општината дека им создава нелојална конкуренција.

OhridNews