Екипата на “ФК Охрид“ не отпатува во Новаци за да го преигра натпреварот од 21 – то коло од Втората МФЛ, закажан за вчера. Охриѓани беа незадоволни од одлуката на ФФМ и одлучија да не заминат во Битола.


Одлуката  да се презакаже овој меч и Новаци да ги покрие нашите патни трошоци го нема во ниту

еден правилник. Требаше мечот да се реши со службени 3:0 за Новаци, или за нас. Ние ја изестивме федерацијата дека нема да го преиграме мечот – вели Гоце Маркоски тренерот на ФК Охрид.


Охриѓани одбија да го играат мечот во саботата откако домашните немале обезбедено лекарска екипа, немале линценциран доктор ниту пак лиценциран комесар за безбедност.

Ohridnews