Околу 70 едриличари од пет земји учествуваа на тридневниот спектакл на вода на 40-тото јубилејно издание на овој спортски настан.
Клубот домаќин АМАК СП БОФОР кој по возобновувањето петта година по ред е организатор на регатата по четврти пат е освојувач на престижната награда за севкупен победник„ Златна маска“ .
До ова одличје охриѓани стигнаа благодарениe на шесте медали , две златни три сребрени и една бронзена. Второто и третото место им припадна на буарските едриличарски клубови „Академик“ односно ЕК „Црно Море“ од Варна.
Главниот спонзор на регатата Претседателот на компнијата АМАК СП, Венко Шапкар изрази задоволство што традицијата на успешно организирани регати продолжува.- Нашата основна мисија преку овај спортски настан е дружење на народите и ширење на меѓусебното пријателство, rрече Шапкар
Оваа 40 – та јубилејна Илинденска едриличарска регата помина под “сонцето од Кутлеш“ кое беше развиорено на јарболот поставен за знамињата на земјите учесници.
Резултати по класи
Оптимист-генерален пласман
1. Петар Стефанов- ЦСЈК„Академик“-Бугарија
2. Димитар Поп Стефанија- „Амак СП Бофор“- Македонија
3. Мурат Самсун- „Гемлик“- Турција
Ласер Стандард
1. Иван Кнежевиќ- АЈК„Београд“ -Србија
2. Славчо Мошоски- „Амак СП Бофор“-Македонија
3. Иван Милинковиќ-ЈК „Панонија“- Србија
Ласер Радијал
1. Милица Дукиќ- АЈК„Београд“ –Србија
2. Александра Заричин- „Амак СП Бофор“-Македонија
3.Јана Георгиева- ЦСЈК„Академик“-Бугарија
470
1. Иван Кацов- ЦСЈК„Академик“-Бугарија
2. Георг марков-ЈСК „Несебар“- Бугарија
Европа
1. Ивана Фармаковски- „Амак СП Бофор“-Македонија
2. Кирил мирчески- „Снегар“- Струга
3. Власе Јованоски- „Снегар“- Струга
Минитонец
1. екипаж од „Амак СП Бофор“-Македонија
2. екипаж од „Сирма“- Македонија
3. екипаж од „Амак СП Бофор“-Македонија