Општинскиот стрелачки сојуз Охрид, во соработка со стрелачките клубови Охрид и Лихнидос, беше домакин на Државното првенство со сериска воздушна пушка за сите категории, што се одржа на стрелиштето Бејбунар во Охрид, на кое учество зедоа околу 120-тина стрелци од сите категории.
Пионерките на СК “Охрид“, атакуваат на стипендиите кои ги доделува Агенцијата за млади и спорт. Попоска Ирена со извонреден резултат од 179 кругови се пласира на I-то место, Ангела Алексоска со 173 кругови заврши на второто, додека Сашка Цветкоска на 5-тото место со резултат од 160 кругови.
Нивниот екипен скор е повисок дури и од онај на пионерите од СК,,Охрид,, кои за жал овај пат мораа да се задоволат со II место екипно, заостанувајки зад првопласираната екипа на Штип за 4 кругови.
Кај пионерите најуспешен беше Гоџоски Мартин од СК,,Охрид,, со 171 круг, само два круга помалку од првопласираниот со 173 круга, а кои беа доволни само за 4-тото место. Иво Достиноски испука 165, а Кирил Миленкоски 162 круга.
Кај пионерките од СК ,,Лихнидос,, најдобро пласирана беше Мартина Николоска, на 7-мото место со резултат од 152 кругови. Кај пионерите од СК ,,Лихнидос,, Стефан Новичиќ испука 134, Боби Полкапоски 119, а Стефан Ташкоски 104 круга што не беше доволно за пласман во првите 3 екипи.
Во сениорска категорија Виолета Јованоска од СК ,Охрид,, го освои 1-то место со 332 кругови, Крстаноска Јулијана 2-то место со 331 круг.
Од СК ,,Лихнидос,, најдобропласирана сениорка беше Милошеска Снежана со 309 кругови.
Во екипен пласман и сениорите и сениорките од СК ,,Охрид,, заврсхија на 2. место, додека пак сениорките од СК,,Лихнидос, се пласираа на 3-то место.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com