По повод прославата од првиот роденден на клубот ЕкоДром и 10 годишнината од одбележувањето на денот на Охридското Езеро, охриѓани ќе организираат велосипедска тура околу Охридското Езеро. За ден на Езерото е прогласен 21-06 и од 2000 година секоја година се организира пригодна манифестација за прослаАва на денот и тоа секоја година како домаќин, редоследно е еден од трите градови, во тековнава 2010 домаќин е Охрид.
На истиот датум минатата година групата на ентузијасти, велосипедисти, заљубеници во природата ја потпишаа првата одлука за регистрирање на велосипедски клуб, истовремено едногласно беше прифатено за роденденот на Клубот и денот на Езерото да се започне со органзирање на една велосипедска тура околу Охридското Езеро.
– Оваа наша идеја е поддржана и од страна на Велосипедскиот Клуб – Поградец од Поградец, со што на овој маратон со заеднички сили посакуваме да му дадеме несекојдневно значење како на регионално така и на национално ниво и од страна на Р.Македонија и од страна на Р.Албанија, со заедника цел да се дружиме, да спортуваме, да уживаме во убавините што ни ги подарила природата и истовремено да се потрудиме да ги зачуваме – истакна еден од основачите на клубот Екодром , Александар Јованоски.
Вкупна должина на турата изнесува 97 км при што ѓи опфаќа сите населени места долж крајбрежјето на езерото, прекрасните планини Галичица и Јабланица, со неповторливи панорами од сите страни. Времетраење на турата се очекува да биде 6-7 часа, што за средно подготвени рекреативни велосипедисти не би требало да претставува проблем. Како и во други подолготрајни маратони потребен е подготвен велосипед без разлика дали се работи за планински или друмски, резервна гума и основен алат, заштитна кацига, и се разбира лесна но енергетски силна закуска.
– Единствено несекојдневно е потребата да ја понесете вашата патна исправа – пасош за патување надвор од границите на Македонија. Виза за влез во Албанија не е потребна и покрај преговарањата, Министерствата за надворешни работи да дозволат отворени граници за велосипедистите за денот на езерото, тоа не е дозволено. Сепак се надеваме дека од страна на полицијата нема да имаме голем застој на граничните премини.– велат од “Екодром“
Пријавувањето на заинтересираните е во тек, потребна е предвремено пријавување заради претходна подготовка на листа на велосипедисти учесници.
Трофејниот српски тренер Борис Ројевиќ (45) ќе го води ГРК Охрид во следните три сезони Стручњакот кој за седум години на клупата на новосадска Војводина ја зацврсти доминација на клубот на домашна...
Кошаркарите на Охрид во 19-то коло од Втората лига, во сабота на домашен терен ја пречекуваат екипата на КК Бутел од Скопје Натпреварот се игра во салата „Билјанини извори“ сопочеток во 16:30 часот...
Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ активно работи на одржување и подобрување на квалитетот на спортските терени Во рамките на редовното одржување, спроведено е машинско пресејување со спортски...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.