Охридските ракометари се на чекор од историски пласман во завршницата од Купот на Македонија победувајќи го составот на Тинекс Пролет со 21-17 (12-11) во полуфиналето од четвртфиналната група.
Противник на „гладијаторите“ в недела во 19 часот ќе му биде составот на Прилеп кој претходно лесно го совлада подмладокот на Вардар.
„Гладијаторите“ мечот со „пролетерите“ го започнаа одлично. На голот брилираше Кирил Колев, а нападот беше ефикасен за плус четири (7-3).
Но, благото опуштање и заморот го искористија гостински ракометари кои стигнаа да намалат на еден разлика до крајот на првиот дел (12-11).
Одбраната на Охрид на чело со голманот Благојче Трајкоски во вториот дел не прими погодок цели 11 минути со што го отпиша Тинекс од нешто повеќе во „Билјанини Извори“.
Голманските одбрани домашните ракометари ги капитализираа со голови кои му обезбедија меч со историски карактер.
Р.К. Охрид: Колев (5 одбрани/1 гол), Трајковски (13 одбрани), Андоновски 2, Новаковиќ, Тасески 3, Павловиќ, Печенковски 1, Кежиќ 1, Вражалица 1, Стојановиќ 7, Хогас 4, Трифуноски, Мачу 1, Белевски.
Р.К. Тинекс Пролет: Кимевски (9 одбрани), Коруновски (1 одбрана), Василевски, Ќаев, Левковски 2, Мајнов 2, Стоилов 2, Јованоски, Трајкоски 2, Андоновски 4, Трајчески 1, Џонов, Дамчевски, Крстески 2, Љубевски 1, Стојановски 2.
Фото: Емилио
Мх.П.