Во четвртата рунда од плејатутот во Супер лигата охридските ракометари ќе се сретнат со тимот на Металург 2 во Скопје.


Императивот на „гладијаторите“ е победа на секој натпревар до крајот на сезоната без разлика што опстанокот е обезбеден од претходно.

Охриѓани и со натпревар помалку се наоѓаат на првата позиција од табелата во плејаут лигата.

Избраниците на охридскиот стратег имаат 31 бод пред второпласираниот Пелистер, кој има 30 бодови.

Натпреварот се игра со почеток во 16 часот во спортската сала во Автокоманда.

Ohridnews